730
„Постапката е во тек, ќе се советувам со моите адвокати и ќе видиме како ќе го решиме тој проблем во наредниот период и како ќе постапам. Напаѓачот не ми се извини мене и воопшто не е битно дали ќе ми се извини или не. Треба да ѝ се извини на институцијата, бидејќи јас ја претставувам институцијата. Марко е денес, утре ќе биде Петко, Станко, треба сите во оваа држава да имаме однос кон институциите, бидејќи институции ја прават државата“, рече Бислимоски.