Бислимовски: Домаќинствата да добиваат ваучери за струја или субвенциите да ги добива директно снабдувачот

by Fokus

Субвенции во форма на ваучери за домаќинствата за електрична енергија е една од опциите која се разгледува за да се осигура дека парите кои ќе ги добијат ранливите категории ќе ги потрошат за подмирување на сметките за електрична или топлинска енергија, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски.

Втората можност, како што рече Бислимовски во гостувањето во Студио 10 на Телевизија 24, е парите за субвенции да се исплаќаат директно на снабдувачот кој пак ќе ја намали крајната сметка што ќе треба да ја платат ранливите категории на домаќинства.

-Проширувањето на опфат на ранливите категории кои ќе добиваат субвенции за подмирување на сметките за електрична енергија е приоритет на РКЕ . Таргетирани се домаќинства кои имаат помали вкупни приходи од месечната потрошувачка кошница. Во моментов се анализира да се направи правичен модел кој подразбира дека тие кои имаат помали приходи ќе добиваат поголема субвенција од државата. Домаќинства кои се во рамките на минималната потрошувачка кошничка ќе добиваат најголема субвенција. Како се зголемуваат тие приходи до одредено ниво, износот ќе се намалува и мерката ќе важи само за ранливите категории, изјави Бислимовски.

Поврзани новости