Бислимоски тврди: Од „Водовод“ лажат дека не побарале поскапување на водата!

by Фокус

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ лаже дека не побарало поскапување на цената на водата, вели претседателот на регулаторната комисија Марко Бислимоски, откако од јавното претпријатие испратија соопштение во кое се тврди дека информацијата оти водата во Скопје ќе поскапи е лажна вест.

Бислимоски за СДК вели дека на 11 ноември претпријатието доставило барање за утврдување на тарифа за водна услуга, потпишано од тогашниот в. д. директор Марјан Митовски, а РКЕ ги има документите кои тоа го потврдуваат.

-Еве ги барањата кои ги доставија до нас за нови тарифи за водоснабдување, собирање и одведување на отпадни води и прочистување на отпадни води. Ние одлуката на подготвителната седница ја донесовме врз база на овие барања. Ако не сакаат да поскапи водата како што велат сега, нека ги повлечат барањата. Ама бидејќи не знаат што сакаат и лажат, ние конечна одлука нема да донесеме – вели Бислимоски.

Од „Водовод“ побарале минималното зголемување да биде да биде 2,5 денари по метар кубен, а максималното 5,3 денари, додека РКЕ на седница одобрила минимално поскапување од 0,76 денари за метар кубен, а максимално од 3,4 денари.

Поврзани новости