„Водејќи се од интересот на граѓаните, а имајќи го во предвид уставното начело со кое државата се дефинира како социјална, а со цел заштита на ранливите категорииРегулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ)и со оваа одлука рефлектира решенија кои ќе гозаштити стандардот на граѓаните. Соновиот концепт пристап кон мрежа,се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите. Со примена на овој модел мрежарината се намалува за скоро 23 %“ – рече Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика на денешната прес-конференција.
„Цената на струјата од 1 јануари се намалува за прв блок за 5,16%, втор блок и евтина се исти, трет блок се зголемува за 2,88% и четврт блок се зголемува за 1,86%. Доколку не се воведеше надоместок за пристап кон мрежа, цената на прв блок ќе се зголемеше за 3,4 %, втор блок се зголемува за 8,62%, трет блок за 9,46%, четврт блок за 4,92% и евтината тарифа за 15,42%.РКЕ продолжува да го гради интегритетот на институцијата преку одговорни одлуки и решенија кои во тешки времиња на пандемија и енергетската криза ги имаше граѓаните како партнер во одржување на стабилен и ликвиден електроенергетски систем“ – рече Бислимоски.