Бислимоски: Сите термоелектрани во државава произведуваат струја

by Fokus

Третиот блок на РЕК Битола од денеска е вклучен во мрежа и произведува електрична енергија со што сите термоелектрани во државата, вклучувајќи го и ТЕЦ Неготино произведуваат електрична енергија што е редок случај, посочи денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.

-Верувам дека со работењето и на третиот блок во РЕК Битола ќе има вишоци на електрична енергија кои ЕСМ ќе ги продава на слободниот пазар на електрична енергија со цел да си ја подобри својата ликвидност и финансиска стабилност, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

Поврзани новости