Донесена е одлука согласно барањето на ЈП Водовод и канализација – Скопје за евентуалното зголемување на цената на водата.
Ова денеска го истакна претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, кој додаде дека поскапувањето од седум денари, според него, не треба да претставува огромен трошок.
„Барањето за поскапување на водата е поднесено од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во текот на ноември минатата година и ние не сакаме да се натегаме дали поднеле или не поднеле барање. Фактите се јасни – ние донесовме одлука согласно нивното барање. Тие бараа минималната цена да биде околу 30, а максималната 57 денари. Ние не се криеме зад нашата одлука која ја донесовме, бидејќи е во рамки на нормала и зголемување од седум денари не е никаков месечен трошок. Затоа нема потреба од популизам. Ние како институција не гледаме кој од каде е и поддржавме јавните комунални претпријатија да имаат субвенционирана цена на електричната енергија и таа цена ја имаат“, рече Бислимоски.