Од четврток јавните комунални водоводни претпријатија ќе добијат поевтина цена на електрична енергија која ќе им биде обезбедена преку „ЕСМ продажба“ и ќе им помогне на овие комунални претпријатија да ја подобрат ликвидноста, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на состанок со преставници од Здржението на даватели на водни услуги АДКОМ.
Тој побара РКЕ да ја одредува конечната цена на водата за да може да се зголемат инвестициите и да се намали загубата на вода од околу 60 отсто, како и да се оптимизира вработувањето во јавните комунални водоводни претпријатија.
-Имајќи во предвид дека во 2022 година поголем дел од јавните комунални водоводни претпријатија се соочија со екстремно високи цени имаше месеци кога трошоците на електрична енергија им беа поголеми од вкупниот приход, но сега со оваа владина мерка ќе се релаксира ликвидноста на овие јавни претпријатија. Треба да ви се помогне и се помага со оваа цена на електрична енергија, но мора и вие да си помогнете со зголемување на ефикасноста за системот да биде одржлив. Не можеме од земја која има вода, да си дозволиме луксуз на загуба од околу 60 отсто на вода во системот, посочи Бислимоски и нагласи дека сега е клучно да се намали загубата на ниво на држава.
Според него, проблемот е што советите на општните кога ја определувата конечната цена на водата за пиење, водејќи се од популизам, не ја коригираат воопшто со цел да ги заштитат граѓаните, но при тоа не водат сметка за инцестциите.
-Заради тоа имаме состојба во некои градови да нема вода, па граѓаните парите да ги трошат за да си купат вода за пиење. За да ја тргнеме оваа тежина од советите, предлагаме РКЕ да ја определува конечната цена затоа што ние со нашите одлуки вршиме притисок да се зголеми ефикасноста на претпријатијата кои ги регулираме, рече Бислимоски.
Во Електродистрибуција, каде што определуваме тарифа, додаде, вкупниот број на вработени во цела држава е околу 1.700.
-Овој број на вработени е помал од вкупниот број на вработени во само четири јавни комунални претпријатија за водоводни услуги во најголемите градови од државата, укажа Бислимоски.