Бислимоски: Инцидентот нема да ме поколеба

by fokus

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, кој беше нападнат од синот на поранешен функционер на ДУИ и сопственик на компанија за струја Аријанит Џафери, изјави дека ги презеле сите мерки за заштита на електроенергетскиот систем. Како што рече тој, постапката за одземање на лиценцата на „У Повер“ е почната откако е добиен допис од МЕПСО за злоупотреба на балансираната енергија за комерцијални цели.

-Преземавме мерки за да го заштитиме електроенергетскиот систем. Кон таков чекор се одлучивме откако МЕПСО ни испрати допис и алармираше за „У Повер“. Во август и половина на септември биле користени овие резерви за комерцијални потреби. Инцидентот нема да ме поколеба – истакна Бислимоски на Сител.

Тој посочи дека доколку наместо да се балансира системот, резервите се користат за комерцијални цели, тогаш би бил загрозен енергетскиот сектор.

Поврзани новости