Нема никакви екстра профити за компаниите кои ги снабдуваат со електрична енергија домаќинствата на регулираниот пазар ниту пак се оштетени потровачите, одговори првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски на обвинувањата дека воведувањето на 200 денари давачка за пристап до мрежа било неуставно.
-Нема никакви екстра профити и дека укинувањето на надоместокот од 200 денари како би се одразило. Тоа се 2400 денари на годишно ниво. Дали ќе има 200 или нема да има 200 денари, приходот на Електродистрибуција е ист. Укинувањето на надоместокот би ги зголемило цените на електричната енергија за прв блок 9,3%, односно за евтина тарифа за 14,54 проценти.
Најпластично сакав да покажам дека ниту сме дале екстра профит ниту пак сме им наштетиле на потрошувачите,туку воведовме правилен начин на распределба на трошоците. Зошто оние што имаат редовна потрошувачка да имаат поскапа евтина струја за 14,5 проценти за да ги спасиме оние што имаат по пет стана и не живеат во нив.
Тоа беа причините поради кои РКЕ се реши да гововеде овој надоместок од 200 денари. Како ќе минува времето, потрошувачката на електрична енергја се повеќе ќе се намалува благодарение на трендот на поставување на фотоволтаици кај фирмите и кај домаќинствата. Не е фер оние што немаат пари за фотоволтаици да плаќаат зголемена цена на струјата поради намалената потрошувачка. Ќе постават оние што имаат пари, а не верува дека на тие им е проблем да плаќаат 200 денари – образложи Бислимоски.
Во однос на најавите од одредени партии дека ќе се укинуваат одлуки и ќе се носат одлуки за граѓаните, Бислимоски рече дека одлуки за цени за преност на електрична енергија, тарифни системи за дистрибуција и за преност, тарифен систем за универзалниот снабдувач носи само регулаторот за енергетика.
– Ниту партија вовела евтина тарифа, ниту партија може да укине надоместок, тоа може само РКЕ, додаде првиот човек на Регулаторна.
Бислимоски истакна и дека во 2023 споредено со 2022 година цената на електрична енергија е намалена за 10 проценти, а како резултат на воведувањето на евтината тарифа во јануари 2024, потрошувачката на струја во евтина тарифа е зголемена за 18 проценти.