Бискупи од Мексико се обидуваат да склучат мир со нарко картелите

by Fokus

Четворица римокатолички бискупи се сретнаа со шефовите на нарко картелите во Мексико за да разговараат за постигнување мир во услови на неконтролирано насилство во земјата, рече еден од бискупите, додека претседателот на земјата, Андреас Мануел Лопез Обрадор, денеска потврди дека ги одобрил таквите разговори.

Оваа информација ја откри бискупот на епархијата Чилпансинго-Чилапе во сојузната држава Гереро, Хозе де Хесус Гонзалес Хернандез, кој рече дека степенот до кој оди политиката на владата за избегнување конфронтација со картелите покажува дека граѓаните мора да склучат мир со самите картели.

Лопез Обрадор рече дека не е првпат црковните претставници да имаат такви дискусии и дека тоа го правеле и претходно, во соседната држава Мичоакан, како и во некои други сојузни држави.

„Учествуваа свештеници и членови на сите цркви, помогнаа да се врати мирот во земјата. Мислам дека тоа е многу добро“, рече Лопез Обрадор.

Тој рече дека разговорите биле одржани во соседната држава Мичоакан и други држави.

Поврзани новости