Бишевац: Заев не е човек на кого можете да му верувате!

by Fokus

Поранешниот пратеник и некогашен новинар, Сафет Бишевац во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ 24 упати остри критики кон владејачката СДСМ.

Тој не штедеше зборови на сметка на Зоран Заев, додавајќи нема никаква разлика со неговиот претходник, Никола Груевски.

„Зоран Заев не е човек на кого можете да верувате. Не исполни ниту едно од барањата. Се фалат дека ја зголемиле минималната плата, а со тоа зголемување, ние сме земја каде само Косово е под нас. Живее со лаги и се претвора во обичен извршител на политики на некои повлијателни земји. Нема никаква разлика меѓу Груевски и Заев“, истакна Бишевац.

Поврзани новости