668
Сафет Бишевац во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека во случајот „Рекет“ е вмешана и политиката како моќ, не е само Катица Јанева.
-Немојте да ме убедувате или јас треба некој да убедувам дека Катица Јанева е врвот на таа пирамида и дека таму нема политичка моќ. Не велам дека е Зоран Заев, но секако има политичка моќ на која таа претендирала, ја ползува, ја корист во тоа што го работи заедно со Боки 13. Таму е вмешана политиката како моќ, рече Бишевац.