ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжи со нови обвинувања против ексминистерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
„Покрај лускузниот трособен стан за 4 ноќи, платен 1200 евра, Антоанета јадела луксузно. На една од сметките кои Бисера Антоанета ги доставила до Министерството за култура и за која земала државни пари се гледа дека истата за една вечера потрошила 403 евра, таа вечера ја платиле граѓаните.
Антоанета вечерала во луксузниот виенски ресторан Дистрикт, а на нејзината маса се нашле школки, бизонско филе, телешко карпачо, сето тоа платено од народот.
Бисера Антоанета не штедела ниту во ресторанот Соле, каде за еден ручек платила 249 евра, а за вечера во истиот ресторан 212 евра. Овде на менито на Антоанета била италијанска храна.
Само за овие три ресторански посети Бисера Антоанета платила 846 евра или 53.136 илјади денари“ изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
Тој ја праша ексминистерката дали овие трошоци биле нужни, дали можело поевтино и сошто ги одбрала овие ресторани.