Бирото за развој на образованието реагира со демант на текстот објавен на порталот сакамдакажам.мк со наслов „Додека сите чекаат план за онлајн настава и обука за наставниците, вработените и директорот на бирото за развој на образованието си отишле на колективен одмор“.
-Во текстот има невистини и се повикува на „извори“ кои очигледно не се доволно упатени во работата и активностите на Бирото или имаат друга цел и шират невистини и сакаат да предзивикаат паника и недоверба во институциите на системот пред почетокот на учебната година. Со оглед на здравствената криза со ковид 19 во нашата земја и предизивиците со коишто се соочува образованието, а особено во изнаоѓањето на најсоодветни начини за отпочнување на новата учебна година, советниците во Бирото за развој на образованието оваа година и не користат годишен одмор. Заради законската обврска тие имаат решенија за користење на годишен одмор од 10 работни дена, но и покрај тоа тие се ангажирани и работат од дома. Една од обврските што ја имаат е изработувањето на скратените наставни програми за сите наставни предмети од основното образование, гимназиското образование, уметничкото образование и општообразовните предмети во стручното образование. Овие скратени програми се изработени и истите ќе бидат доставени во МОН на усвојување, иако според сите досегашни насоки и протоколи јасно е дека нема да се работи според скратени програми, бидејќи согласно постоечките закони тие се изработуваат за вонредни состојби и настава којашто е во траење од 100 дена. Во текот на целиот летен период Бирото за развој на образованието активно е вклучено во изработка на истражувања и изработка на документи значајни за успешно организрање и реализирање на наставата и учењето, се вели во демантот.
Оттаму додаваат дека советниците во моментов работат и на подготовка на видео содржини за септември и октомври заедно со дел од наставниците, а потоа ги верифицират и истите се поставуваат на порталот ЕДУИНО.
-Бирото за развој на образованието, како и на други институции, Затоа зачудени сме од наводите дека Вашиот текст се базира на „извори од Министретсвото“, а не на изјави на официјални лица од Министерството, од министерот за образование, советниците за односи со јавност или други лица овластени и запознаени со проблематиката и соработката на двете институции. Не сакаме да веруваме во тендециозноста на текстот, со оглед на тоа што во ваква здравствена криза особено во изнаоѓањето на решенија во најдобар интерес на децата, како во однос на нивната безбедност, така и во однос на стекнувањето знаења, потребна е соработка и здружување на сите институции, медиуми, родители и воопшто на целото општетство. Затоа ве повикуваме и вас и сите останати новинари за сите прашања поврзани со нашата работа да се обратат директно до институцијата, а не да користат, очигледно, неупатени „извори“ кои само ја подгреваат нервозата кај родителите и јавноста, велат од Бирото за развој на образованието.