Цената на новиот изглед на Скопје, според истражувањето на БИРН, претставено преку базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“ и официјална документација, од првично најавените 80 милиони евра, има скокнато на над 560 милиони евра, a од првично најавените четириесетина споменици и објекти се стигнало до над 130.
Базата за „Скопје 2014 под лупа“ е изготвена од екипата на БИРН, и од денеска е достапна за јавноста. Информациите за базата се обезбедени директно од институциите преку сите можни легални канали за обезбедување информации од јавен карактер.
Од БИРН појаснуваат дека податоците се однесуваат само на објектите кои се финансирани од јавни фондови преку Министерството за култура, Службата за општи и заеднички работи на Владата, општините, градот Скопје и јавни претпријатија. Базата содржи голем број документи: договори, анекси, авторски хонорари, статистики за најчестите изведувачи, скулптори, архитекти и леарници кои учествувале во проектот.
Базата е достaпна на следниов линк: http://skopje2014.prizma.mk