Германската компанија Бионтек ќе поднесе барање за одобрување на вакцина против коронавирусот, која ја развила заедно со американскиот фармацевтски гигант Фајзер, за употреба кај деца на возраст од 5 до 11 години, изјавила извршната директорка Озлем Туреци.
-Во претстојните недели ќе ги предадеме резултатите од истражувањето за деца од 5 до 11 години на властите ширум светот и ќе поднесеме барање да се одобри таа вакцина за таа возрасна група и тука во Европа – вели Туреци за списанието Дер Шпигел.
Таа вели дека компанијата со седиште во западна Германија, почнала да подготвува производство на вакцини за деца, кои се исти како и за возрасните, но дека ќе се даваат во помали дози.
Бионтек во моментов ги проценува податоците за помладите деца на возраст од шест месеци па нагоре, а резултатите ќе бидат претставени до крајот на годинава.