Билјана Ванковска до синоќа собра 7.876 потписи, Стевчо Јакимовски има 6.676

by Fokus

Професорката Билјана Ванковска која е предложена од политичката партија Левица, до синоќа во 20 часот има собрано 7.876 од потребните 10.000 потписи за претседателската кандидатура. Зад неа е Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 6.676 потписи.

Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски успеаjа да соберат 10.000 потписи и со тоа да бидат кандидати за претседател на државата.

Мерсиха Смаиловиќ од Бошњачката партија има собрано 887 потписи, Ѓорѓи Манасков – 267, а Зорица Цветковска – 140, Господин Попоски – 40.

Согласно роковникот на Државната изборна комисија, рокот за собирање потписи трае до 8 март.

Потписи ќе собираат и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски од СДСМ, иако можат да влезат во претседателската трка со поддршка на 30 пратеници.

Поврзани новости