908
Билетите за фудбалскиот натпревар Македонија-Косово кој ќе се одигра на 26. март на арената „Тодор Проески“ се распродадени, информираа од ФФМ.
Тоа гарантира одлична атмосфера за тој меч, кој е од голема важност за нашата репрезентација.
„Ги повикуваме сите гледачи, поддржувачи и навивачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на нашите фудбалери да стигнат до вредна победа и да ја доближат Македонија до пласман на ЕВРО 2020“, порачаа од ФФМ.
Сепак, од друга страна, министерот за здравство Венко Филипче смета дека е препорачливо мечот да се игра без публика, за како што вели, поголема внимателност и несакани ситуации со корона вирусот.