365
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ соопшти дека учениците од прва година средно образование, кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз, билетите ќе ги добијат во матичните училишта.
-Учениците од повисоките одделенија, во случај да има потреба од нова електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје. Неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 денари за изработка на картичката, информира ЈСП.
Средношколските билети за бесплатно користење јавен превоз во Скопје важат за сите линии (градски и приградски) во период од 5 до 24 часот, односно не важат за користење на ноќните линии.