Билд тврди: Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт ќе поднесе оставка

by Fokus

Германска министерка за одбрана Кристин Ламбрехт одлучилa да се повлече од функцијата , објави во петокот весникот Билд, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање.

Според извештајот, во германската владата веќе разговара за тоа кој би можел да ја замени, но конечната одлука за наследникот допрва треба да се донесе.

На почетокот на неделава, анкетата спроведена од Институтот за нови социјални одговори (ИНСА) покажа дека 64 отсто од испитаниците во Германија сакале министерката да поднесе оставка, додека само 9 отсто го оцениле нејзиниот настап во таа улога како позитивен, пренесува Билд.

Како што се наведува, во тековното истражување на INSA, Ламбрехт бил на последното место.
Ламбрехт неодамна беше мета на критики за наводно лошо управување со одбранбените политики, како и за новогодишната порака во која таа рече дека војната во Украина довела до „многу посебни искуства“.

Поврзани новости