535
Копретседавачот на Европскиот совет за надворешни односи, Карл Билд доцна попладнево ги заврши средбите со политичките лидери.
-Заминувам од Скопје по ден исполнет со разговори со релевантни политички лидери. Белград е следен, твитна Билд по одделните средби со лидерите на СДСМ, ДУИ и на Беса.
Нема информација дали Билд остварил средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Ниту од партијата не излегоа со соопштение или информација за посетата на европскиот дипломат на земјава.
Претходно, Билд изјави дека е среќен што претседателот Ѓорѓе Иванов не сакал да се сретне со него, бидејќи, како што рече европскиот дипломат, тој немал време за Иванов, бидејќи требало да се сретне со главните политички играчи.