Не е здраво три години да се повторува една иста работа, како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеничката од ДУИ, Арта Биљали Зендели во вечерашното гостување во Само вистина на Канал 5. Таа ова го кажа за барањето на опозициската партија за предвремени парламентарни избори.
„ВМРО-ДПМНЕ бараше избори уште од 30, 31 август 2020 година, откако се формираше Владата и веќе јас, навистина, не го земам сериозно тоа нивно барање и мислам и дека граѓаните не го земаат сериозно. Не е возможно и не е здраво три години едно исто да повторуваш предвремени избори, предвремени избори, предвремени избори. Нема да има. Уште пред да имаме 100 дена Влада, тие бараа предвремени избори. Уште пред да имаме 100 дена Влада, тие рекоа дека ќе се руши власта“, изјави Биљали Зендели.
Според неа со нивното постојано барање предвремени избори ги замаглуваат и граѓаните.
„Цело време некако живеат во некоја магла, а така ги замаглуваат и граѓаните“, рече Биљали Зендели.