Поранешниот американски претседател Бил Клинтон, утре ќе допатува во дводневна посета на Албанија, при што ќе му биде врачено признанието „Ѕвезда на благодарност за јавни достигнувања“.
– На 3 и 4 јули, 42-от претседател на Соединетите Американски Држави, Бил Клинтон, првпат ќе ја посети Албанија. Клинтон и делегација што го придружува ќе допатуваат во Тирана во понеделник, 3 јули, попладне, каде во 19 часот ќе бидат примени од премиерот Еди Рама на специјална официјална церемонија на булеварот „Народни херои“ пред владата со учество и на граѓани, јави државната агенција АТА.
По изведувањето на националните химни на САД и Албанија, премиерот Еди Рама, на чија покана доаѓа Клинтон, ќе си разменат знамиња на двете земји.
Во 19:25 часот ќе се одржи церемонијата на врачување на признанието „Ѕвезда на благодарност за јавни достигнувања“ на која свои обраќања ќе имаат Рама и Клинтон.