Бил Клинтон пристигна во Тирана, ќе се сретне со Рама и ќе им се обрати на граѓаните

by Fokus

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон денеска пристигна во Тирана, со што официјално ја започна својата прва дводневна посета на Албанија.

Тој нешто по 15 часот слета со авион во главниот град на Албанија, каде што доаѓа на покана на албанскиот премиер Еди Рама, а по повод Денот на независноста на САД, кој се слави на 4 јули, пренесува Перископ.

По изведувањето на химните на САД и Албанија, Рама и Клинтон свечено продефилираа покрај знамињата на двете земји.

По свечената церемонија, на Клинтон ќе и биде врачена „Ѕвездата на благодарноста за јавните достигнувања“, по што ќе следи негово обраќање до граѓаните.

Поврзани новости