Бил Гејтс: Разводот од Мелинда беше најголемата грешка во мојот живот

by Fokus

Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, проговори за разводот со сопругата Мелинда Френч Гејтс и откри како се чувствува за сето тоа.

„Малку сум повесел“, изјави тој во интервју за „Тајмс“.

И покрај тоа, тој го опиша разводот како една од најголемите грешки во неговиот живот.

„Има повеќе, но ништо не е важно. Разводот беше болен за Мелинда и мене најмалку две години“, истакна тој.

Се чини дека по разводот сепак успеал да одржи пријателски однос со Мелинда.

Тој тврди дека се уште често се гледаат поради фактот што имаат три деца и двајца внуци, а признал и дека неговиот брак бил еден од најголемите извори на поддршка при создавањето на Мајкрософт.

Бил Гејтс и Мелинда Френч Гејтс се венчаа во 1994 година, а заедно ги имаат ќерките Џенифер (28) и Фиби (22) и синот Рори (25).

Тие ја потврдија веста за нивниот развод во мај 2021 година по 27 години брак. Тие наводно биле разделени една година пред потврдата.

Поврзани новости