Бил Гејтс не верува во ефикасноста на вакцината против Ковид-19

by Fokus

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, предупреди дека вакцината против коронавирусот може да не биде многу ефикасна како бариера за ширење на инфекцијата.

Во интервју за Си-Ен-Ен тој го објасни својот песимизам на следниов начин: „Кога развиваат вакцина истражувачите се водат од две карактеристики – превенција на болеста со вакцинацијата и спречување на пренесување на инфекцијата врз други“.

-Нема гаранција дека вакцината ќе биде идеално средство за блокирање против пренесувањето на инфекцијата, додаде тој.

Истовремено, основачот на Мајкрософт ја пофали ефикасноста на имунолошкиот одговор на организмот на болеста. Според него, развиениот имунитет штити од ризик од повторно инфекција најмалку една година.

Бил Гејтс ја поддржа прогнозата на главниот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, кој предвиде дека вакцината против коронавирусот ќе биде готова кон крајот на 2020 или на почетокот на 2021 година.

Поврзани новости