Од Бигорски манастир Св. Јован Крстител сметаат дека бадниковото гранче не е христијански обичај, апелирајќи луѓето да не се занимаваат со вакви обичаи.
Сметаме дека ни е должност да апелираме до Христијаните, воочи празникот на светлото Рождество Христово, да не се…
Publiée par Бигорски Манастир Св. Јован Крстител sur Dimanche 5 janvier 2020
„Сметаме дека ни е должност да апелираме до Христијаните, воочи празникот на светлото Рождество Христово, да не се занимаваат непотребно со вакви сосема безначајни и туѓи за нашата почва неопагански и идолопоклонички обичаи, туку да се сосредоточат на убавината и возвишената порака од доаѓањето во плот на беспочетното Слово Божјо; очистени преку постот и светата тајна покајание и исповед, да појдат во храмовите за Божикната ноќ и да станат учесници на Царската трпеза, каде како храна е принесено Христовото тело и како питие – Неговата чесна крв, та вкусувајќи од нив, да станат причесници на ангелската радост и славословие во Рождественската ноќ над Витлеем“, истакнаа од Бигорски манастир.