„Бидете во чекор со генерацијата“, порачаа средношколците на вчерашниот марш

by Fokus

Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите, заедно со студентските собранија, побара подобар средношколски и студентски стандард и изрази поддршка за сите средношколци и студенти во земјава.

“Вие живеете во времето на нашата генерација, а нашата генерација живее во времето на вашите одлуки”, “Ние ќе бидеме утре студенти” ,”Бидете во чекор со генерацијата” –  се дел од пораките кои средношколците им ги упатија на властите.

Вчера, рамо до рамо со студентите, средношколците по вторпат по Националниот средношколски самит 2022 се изјаснија за своите заложби за подобар образовен систем, нивното вклучување во процесите во државата и барањата да бидат слушнати.

„ОДАСС е секогаш на страната на средношколците и студентите, бидејќи ова е заедничка борба, па ги повикуваме носителите на одлуки да бидат во чекор со генерацијата!“, порачаа средношколците.

Поврзани новости