Бидете подготвени: Нѐ очекува жежок бран со температури до 40 степени

by Fokus

Во средината на следната недела температурите ќе се искачат и до 40от степен. Од УХМР предупредуваат на високите температури.

Следниот викенд пак, ќе имаме мал пад на температурите. До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30, а на места ќе достигнува до 40 степени.

Во попладневните часови, особено утре, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Во вторник и во среда се очекува прашина од Сахара. Жешкиот бран, за кој не се знае до кога ќе трае, доаѓа од Алжир, Тунис и Либија во северна Африка.

Поврзани новости