БиБиСи ја прекина редовната програма, собир пред Бакингемската палата

by Фокус

Британскиот јавен сервис Би-би-си ја прекина редовната програма за да известува за состојбата на кралицата Елизабета, која е ставена под лекарски надзор во Белморал.

Принцот Чарлс и неговиот син Вилијам итно отпатуваа во резиденцијата на кралицата во замокот во Шкотска, а со нив е и Камила, соопшти Бакингемската палата.

Бакингамската палата ретко се огласува за здравјето на кралицата, па денешната објава е знак дека ситуацијата е многу сериозна.

-Палатата вообичаено не дава информации за здравјето на кралицата, освен ако не е значајно. Затоа оваа објава дава основа за загриженост – изјави кралскиот експерт Роберт Хардмен.

Британските медиуми соопштуваат дека и останатите членови на семејството се повикани во Балморал.

И членовите на двата дома на британскиот парламент се информирани за ситуацијата, како и новата премиерка Лиз Трас.

Поврзани новости