Универзитетскиот професор специјализиран за Балканот, Флоријан Бибер во интервју за МИА говореше за политичката состојба во Македонија и проблемот со бугарското вето поради кое нашата земја се уште е заглавена за почеток на преговорите со ЕУ.
„За Бугарија секогаш зависело од Македонија, од нивна гледна точка тоа не е изненадување. Вистинското прашање е дека барањата на Бугарија се целосно скандалозни и не гледам никаква причина зашто Северна Македонија би ги исполнила тие барања или како би било тоа воопшто морално одбранливо. Повеќе земји членки на ЕУ го рекле тоа и јавно и зад затворени врати дека е скандалозно и неприфатливо. На крајот за да го укине ветото, ќе бидат потребни некои механизми за Бугарија да си го спаси угледот, некаков симболичен компромис. Но, во однос на суштината не сметам дека треба Северна Македонија да го смени ставот, туку од Бугарија. А за таква промена потребен е пријателски совет од ЕУ земјите до Бугарија дека таа има многу проблеми и дека можеби треба да ги има на ум сите тие домашни проблеми и да преговара начин за излез од овој спор“, додава тој.