Претседателката на здружението ,,Борка” и поп пејачка Биба Додева ја изненади јавноста со својата објава на социјалните мрежи, во која со низа на навредливи зборови кон медицински сестри, појасни дека и згрешиле доза на терапија.
-Кога запослуваат сестри кои немаат поим вена што е, а не па да земаат крв. Смрдли. Немам веќе разбирање и љубезност кон непрофесионалци, принаучени Гугл лаици, смрдли исфрустрирани, покондирани фуфици кои ми грешат доза на терапија и да не видев ќе ме утепаа со грешни дози, од идиоти неспособни кои одлучуваат, а кои се штетни за мене и моето семејство. Прекардашили сте, све по список – напиша Додева, која објави фотографија на која се гледа голема модрица на нејзината рака.
Нејзиниот речник наиде на голема осуда од јавноста, и чести се коментарите во кои граѓани ја прашуваат дали заборавила на секојдневниот придонес на медицинските сестри, посебно во ек на пандемијата.
-Непотребно сите ги стави во еден кош. Мизерен ти е речникот – и порачаа многумина. Инаку, Додева беше инфицирана со корона вирус кон крајот на 2020 година, а потоа за медиумите раскажуваше дека поминала тешко. На почетокот на февруари годинава пак, таа повторно објави фотографија со која извести дека повторно е позитивна на вирусот.
Вики Клинчарова