704
Во украинскиот пристанишен град Одеса, вечерва се слушнале три или четири силни експлозии кои доаѓале од запад, јави Би-Би-Си.
Дописникот на британскиот медиум добил информација дека украинскиот одбранбен систем соборил руски ракети истрелани од еден од неколкуте воени бродови што се наоѓаат во близина на брегот.
Тензиите растат во Одеса која е клучна стратешка цел за Москва. Во градот има полициски час кој почнува во 19 часот, а сирените за воздушен напад вечерва се слушале повеќе од еден час.
Според Би-Би-Си, имало и предупредувања дека руските бродови се препозиционирале како да се подготвуваат за напад.