Би-Би-Си денеска објави дека Дексаметазонот е првиот лек кој се покажал дека спасува животи на заболени од корона вирус кои се со тешка клиничка слика. Според британските експерти, овој лек е вистинско откритие во борбата со смртосниот вирус.
Дексаметазонот е дел од најголемото испитување за лекови кои даваат резулати во борбата со корона вирусот. Се покажало дека го намалува ризикот од смрт за една третина кај пациентите кои се на респиратор и за една петтина за пациентите кои се на кислородна поддршка.
Доколку овој лек бил користен за лекување на пациентите во Обединетото кралство, тогаш бројот на починати би бил помал за 5.000.
-Ова досега е единствениот лек што се покажа дека ја намалува. Тоа е огромен напредок. Третманот трае 10 дена и чини 5 фунти по пациент. Ова е лек кој е глобално достапен, изјави за британските медиуми шефот на истражувачкиот тим, професорот Питер Хорби.
Во Македонија овој лек е достапен под производство од словенечка Крка.