Англиски Манчестер Сити и италијански Интер утре ќе се сретнат во Истанбул во финалето на Лигата на шампионите, а најголемите светски медиуми го насочија вниманието кон репрезентативецот на БиХ, Един Џеко (37).
Британски Би-Би-Си објави посебен текст за најдобриот босански фудбалер кој што се среќава со својот поранешен тим. Џеко помина четири години во Манчестер Сити и двапати ја освои титулата шампион на Англија.
Истиот медиум пишува дека „ако некој може да ја запре победничката страна на Пеп Гвардиола, тоа би можело да биде интелигентен, влијателен напаѓач кој сака да му се одмазди на својот поранешен клуб“.
Францускиот новинар Џулијан Лоренс вели дека долговечноста на Џеко и играњето на највисокото ниво на европскиот фудбал е многу ретко.
Дијамантот својата блескава кариера ја започна во Железничар, а преку Теплице стигна до Волфсбург каде одигра 142 натпревари и постигна 82 гола и ја донесе првата титула во историјата на клубот.
Џеко во 2009 година заврши на 13. место во изборот за Златната топка, а се уште редовно ги тресе мрежите.
Фактот дека тој беше најдобар стрелец во две од петте најсилни европски лиги доволно говори за тоа каква кариера постигна.
Освојувањето на Лигата на шампионите би било само круна на сè што има направено.