Промотивен пакет на ПроКредит Банка –Префрли плата и уживај во поволности цела година бесплатно

by Fokus

Квалитетната услуга и одлуката за тоа каде да ја добивате платата се клучни кога станува збор за избор на банка.Токму за овој сегмент ПроКредит Банкаво соработка со Мастеркардја отпочна кампањата „Направи ПРОмена за да добиеш повеќесо која ја претстави својата специјална промотивна понуда наменета за сите нови клиенти кои ќе одлучат да ја примаат својата плата преку банката, пакет со кој добивате 12 месеци бесплатни банкарски услуги, подобри услови и поголема флексибилност.

Што добивате доколку ја префрлите вашата плата во ПроКредит Банка?

Сите клиенти кои ќе станат нови приматели на плата во промотивниот период до 31.01.2024, добиваат 12 месеци бесплатна членарина за Mastercard кредитна и дебитна картичка, бесплатно одржување на платежна сметка, бесплатно електронското банкарство и мобилна апликација. Уникатна финансиска услуга на нашиот пазар која ја добиваат клиентите на ПроКредит банка е и бесплатна Флекси штедна сметка со камата по видување, која овозможува флексибилно штедење со најповолни каматни стапки. Банката ја цени лојалноста на своите клиенти, па така примателите на плата добиваат и повластени каматни стапки за орочени депозити, како и за кредити.

ПроКредит е позната по својата високо-квалитетна и персонализирана услуга, па така секој клиент постојано и без надомест добива поддршка од стручен Советник за клиенти, кој е тука за совет за сите финансиски одлуки и идни инвестиции.

Поврзани новости