БГНЕС: Францускиот предлог е европска поддршка за Бугарија против српско-руската хегемонија

by Fokus

Новинската агенција БГНЕС во коментар за досегашното владеење на бугарскиот претседател, Румен Радев, како прва точка за неговите погрешни политики го споменува односот кон Македонија. Како што наведува БГНЕС, Радев бил меѓу првите кои не го поддржале Договорот за пријателство и добрососедство со Македонија.

„Благодадение на овој договор, Бугарија денес ги штити своите национални интереси и во однос на минатото и пред ЕУ. Таканаречениот француски предлог за решавање на спорот со РСМ, според Радев, „е бланко чек“, а тоа всушност е најголемата европска поддршка за Бугарија против српско-руската хегемонија во регионот“, пишива новинарската агенција.

Уредништвото на БГНЕС додава дека речиси незабележано од пошироката јавност била интервенцијата на Радев во обидите на БПЦ да стане Црква-мајка на МПЦ.

„Можеме само да претпоставуваме дали тоа го диктирале неговите средби во Сочи и клекнувањето на претседателската институција пред рускиот патријарх Кирил. Ако во тоа време некој се сомневаше дека Руската православна црква (РПЦ) е главниот инструмент за остварување на московските царски цели, денес тоа е очигледен факт“, пишува во анализата.

БГНЕС ја напаѓа меѓународната политика на Радев и кон Турција и Србија. За Србија се вели дека Радев замижува пред „бруталната политика на српскиот режим кон Бугарите во Западните предградија“.

Коментарот на БГНЕС е во пресрет на парламентарните избори. Вонредните парламентарни избори во Бугарија закажани за втори април се петти по ред во последниве две години. И по изборите во октомври лани, ниту една партија не успеа да формира влада.

Поврзани новости