Попусти, шопинг, концерт, забава, Skopje City Mall слави 11!

by Fokus

Време е за нова роденденска дружба, големи попусти, добра забава, многу награди проследени со супер атмосфера во Скопје Сити Мол за нашиот 11ти роденден!

Ви нудиме пријатно шопинг искуство, проследено со жешки попусти, како и супер забава која ќе трае од 08 ти до 10 ти октомври.

Славимероденден, а тоа значи…

Петок и сабота ќе ве забавуваат домашни бендови на платото кај паркот, Ди Џеј сетови низ молот, играње брејк денс, џинот и пантомимата се составен дел од нашиот роденденски репертоар, огнено шоу, бесплатен фотобук за вашето друштво, кои со сигурност ќе направат супер забава.

Покрај забавниот дел имаме и гифт кард патрола која ќе ви поставува прашања, затоа спремете се добро. Доколку сте корисник на нашата апликација тогаш ве очекува и лов на поени за МојСитиМол.

Да не заборавиме на супер интересните детски работилници со Монк Долс и Ботанико!

Веќе стигнавме до сабота вечер каде на нашата катна гаража ви приредуваме концерт на ДНК отворен за сите посетители. Спремете и дојдете да ги пееме најголемите хитови на ДНК на 07.10.2023 година.

Програмата на третиот ден од роденденската забава, што ќе се одржи во недела (08.10) е прилагодена првенствено за најмладите. Започнува со“Светот на Биби и Боби”,каде за првпат досега освен Биби ќе дојде и “Боби”, потоа танцуваме  со Аљуа Данче Клуб за на крај да се дружиме со“Стела и Сани”.

После тоа брзаме внатре во полна работилници со Мафини Слаткограм!

„Согласно сите мерки за супер провод Ви нудиме врвна услуга, уникатно шопинг искуство, супер забава и имплементирање на светските модни трендови. Не заборавајте во сабота после шопинг се дружиме на ДНК концерт на катна гаража“ – изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

Вратите за концертот на 07.10 се отвораат во 20:30 часот, додека концертот започнува во 21:30 часот. Во недела вратите се отвораат во 11:30, а програмата започнува во 12:00 и ќе трае до 15:00 часот.

Локацијата за одржување на сите концерти е кровот на Скопје Сити Мол, каде од безбедносни причини и за комфор на присутните, проектирано е да прими до 2500 посетители. Влезот на концертите е слободен.

Откако капацитетот ќе се исполни, влезовите за концертите ќе бидат затворени, пошто ќе продолжат да работат на принцип излез-влез поради одржување на бројката од 2500 луѓе.

Не заборавајте попустите ги објавуваме во четврток!

Поврзани новости