445
Нов земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистриран вечерва кусо по 22 часот по локално време во морскиот дел источно од островот Евија, со ист епицентар каде што рано утрово беа регистрирани три земјотреси меѓу 4,1 и 4,7 степени, јави дописничката на МИА од Атина.
Земјотресот, освен на Евија, беше почувствувани и во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.
Утрово во периодот од 6.30 до 7.30 часот утрово беа регистрирани три земјотреси од 4,7, 4,1 и 4,2 степени според Рихтер со епицентар во близина на Евија.