Во Битола и во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржат протести поради смртта на шестгодишната Јана.
Во Битола, граѓаните ќе излезат во 19 часот на плоштадот Магнолија со мото „Сите сме Јана“ и „Правда за Јана“, додека во Скопје ќе се протестира во истото време пред Министерството за здравство.
Организаторите велат дека целта е да се укаже на состојбите во македонското здравство, а повикот за протест е објавен на „Фејсбук“.
На протестите ќе се бара: „Правда за Јана, итни оставки и реформи во здравствениот систем“.
Јана почина на 22 март откако прими инфузија во Клиничката болница во Битола. Според исказот на родителите, шеќерот потоа ѝ се покачил од 9 на 19 единици и ситуацијата се искомплицирала. Државниот здравствен и санитарен инспекторат соопшти дека немало пропусти во лекувањето и кај девојчето се јавиле проблеми со срцето.