500
Регионалниот ЦУК Велес известува дека е забележено безживотно човечко тело во реката Вардар, кај село Уанци, Општина Градско.
Полицијата се обидела да го лоцира на неколку пунктови но безуспешно, па поради големиот водостој безживотно тело се движи кон Општина Неготино.
РЦУК – Велес изестува дека заради долготрајните врнежи од дожд нивото на Реката Вардар е зголемено и во 07.30 часот измерени се 200 см, што е за 40 см повеќе од нормалното.
Од страна на СВР Велес биле известени дека мостот на Уланци – Општина Градско е во функција и нема опасност од несакани последици.
Денес луѓето од селото оделе на пазар во Велес и велат дека по него се сообраќа и има механизација кој ги чисти наносот.