94
Тело на машко лице вчера околу 20 часот било забележано од водите на реката Вардар во Скопје.
Како што сведочат очевидци на настанот, телото на мажот било извлечено од страна на полицијата во строгиот центарот на градот – помеѓу Камениот мост и мостот „Око“.
Неговиот идентитет засега е непознат за полицијата.
Извршен е увид, а по наредба на обвинител, телото е дадено на обдукција.