Синоќа во водите на реката Тополка било забележано безживотно човечко тело. Случајот го пријавил риболовец на единствениот број за итни повици 112 во ЦУК. Телото било забележано во близина на мостот на петнаесетина метри од брегот на попречни шипки во речната надојдена вода.
Од Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш биле известени сите субјекти од Системот за управување со кризи за безживотното човечко тело за да се постапи според итниот случај (МВР, ДЗС, ТППЕ Велес, лицето за контакт во Општина Велес, како и тимот спасители на вода од доброволното друштво „Македонски спасител“ за безбедност на вода и планина од Велес). Но, тие не интервенираа вечерта поради опасноста, по учесниците во акцијата, од надојдената вода во Вардар и брзото речно корито. Акцијата координирана на терен од СВР Велес продолжи утрово.
Безживотното човечко телото е извлечено од речната вода денеска по 10 часот од страна на Единицата за специјални задачи при МВР, а потоа е идентификувано од страна на синот, кој вчера во 8.30 часот во СВР Велес го пријавил за исчезнат својот татко.