Телата на две момчиња биле пронајдени во автомобил во дворот на семејниот дом во австралискиот град Вурабинда.
Најпрво било пронајдено двегодишно момче, онесвестено и итно пренесено во болница. Иако лекарите чекале со хеликоптер подготвен да го префрлат во поголема градска болница, не успеале да го реанимираат и малото момче починало.
Кога полицијата во Квинсленд пристигнала на имотот и го пребарала автомобилот околу 21.15 часот, во задниот дел пронашла и тело на тригодишно момче.
„Не го видоа кога го пронајдоа првото дете“, рече портпаролката на полицијата Дарин Шедлоу.
И тој бил итно пренесен во болница, но исто така била констатирана смрт.
Полицијата потврди дека момчињата биле во роднинска врска, но не биле биолошки браќа.
Причината за нивната смрт се уште не е потврдена.
– Се чини дека се работи за трагична несреќа каде што децата некако влегле во возилото и биле таму извесно време. Првите резултати од истрагата покажуваат дека горештините може да бидат причина за нивната смрт – соопшти полицијата.
Автомобилот во кој играле бил напуштен, а електричните системи, вклучително и долните стакла, не работеле.