583
Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска – Бежовска во вечерашното гостување на телевизија Телма изјави дека ќе ја продолжат мерката за одложување на отплатата на кредитите од септември ако има втор бран на кризата.
-Засега е даден период овие поволности да важат до крајот на септември, но подготвени сме доколку има втор бран, да ја продолжиме – истакна Ангеловска-Бежовска, додавајќи дека државата се соочува со многу спефицична ситуација во која мора да се реагира на дневна основа.
Според неа, буџетскиот дефицит ќе расте до околу 55-56 проценти од БДП, а со тоа ќе расне и јавниот долг.