Бездомник позитивен на Ковид 19 синоќа побегнал преку пожарникарните скали во Градската болница „8 септември“ , потврдија за Фокус од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, до каде што упативме неколку прашања.
„По допрен глас од социјалните мрежи, утринава ДСЗИ иницираше вонреден инспекциски надзор во ГОБ „8 септември“. Б.И. бездомник бил примен во болницата на 1 октомври. Согласно здравствената состојба бил стабилен, не бил за хоспитализација, но згрижен бидејќи нема постојано живеалиште, да не шири инфекција. Тој е тестиран на 3 октомври и добиен е негативен резултат – истакна за „Фокус“, доктор Ирина Бухова, директорка на ДСЗИ.
Сепак, два дена подоцна, поточно на 5 октомври, тој бил повторно тестиран и бил добиен позитивен резултат, односно дека е носител на корона вирусот.
„Бездомникот синоќа преку пожарникарните скали избегал од болницата. Веднаш била алармирана болницата, која го лоцира и го враќа назад во „8 септември“. Нса барања на министерството, од страна на доктор Патриција Кламарас се изготвува информација за текот на неговото лекување. Истата побарано да се достави и до ДСЗИ – додава докгтор Бухова.
Ова е прв случај на пациент да побегне од болница за време на целата корона криза. Досега, имало случаи кога роднини се карале и си ги земале нивните блиски да ги лекуваат дома или пак некои сами потпишувале изјави дека во домашни услови ќе се лекуваат од Ковид 19.
Ирена Мулачка