Регионалниот центар каде ќе бидат згрижувани бездомни кучиња кои ќе добиваат ветеринарни услуги од деветте општини на Вардарски плански регион е изграден и наскоро треба да започне со работа.
Објектот со површина од 5.470 м2 се наоѓа во кавадаречката населба Глишиќ, и таму ќе се згрижуваат кучиња од Свети Николе, Лозово, Велес, Чашка, Градско, Росоман, Неготино, Кавадарци и Демир Капија.
Центарот веќе бил опремен, било набавено и возило, а наскоро ќе профункционирала и интернет страница на која граѓаните од овие општини ќе можат да пријавуваат бездомни животни.
Овој проект изнесува над 242 илјади евра, обезбедени од Швајцарската амбасада и Министерството за локална самоуправа.
Градоначалниците од Вардарски плански регион вчера имаа средба во Кавадарци и истакнаа дека центарот ќе профункционира по изборите во мај.
Вики Клинчарова