Безбедно е учениците да ја примат вакцината против ХПВ во овој период, вели министерот Филипче

by fokus

Сосема е безбедно учениците да ја примат вакцината против ХПВ (Хуманиот папилома вирус) и покрај актуелната епидемија со Ковид -19, за ,,Фокус” изјави министерот за здравство Венко Филипче. Изминативе денови ученички кои сега завршија седмо одделение добиле известувања од своите класни раководители да се јават во здравствените установи, за примање на вакцината против ХПВ.

Родители прашуваа дали во овој период е безбедно децата да примаат вакцини, со оглед на пандемијата, односно поради страв евентуално некое од децата да е асимптоматски носител на вирусот.  Сепак, според министерот Филипче, кој се консултирал на темава со професор д-р Александра Грозданова, заклучокот е дека нема место за страв и децата можат да се вакцинираат.

ХПВ вакцината го намалува ризикот од настанување на рак на грлото на матката. Во земјава е воведена во редовниот календар како задолжителна вакцина за девојчиња на 12-годишна возраст и ја вршат службите за вакцинација во Здравствените домови. Таа се дава во три дози.

В.К.

Поврзани новости