443
Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат за прекин во водоснабдувањето во населбата Автокоманда.
„На ден 02.10.2018 година поради уличен дефект од ф-150мм на ул.16-та македонска бригада во близина на ветеринарната амбуланта, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на високата зона во населба Автокоманда. Можно е намалување на притисокот во населба Железара.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:40 часот до завршување“, информираа од претпријатието.