413
Поради уличен дефект на ф80 милиметри на улицата „Палмиро Тољати“ број 193 во населба Ченто, прекинато водоснабдување имаат корисниците од оваа и дел од улицата „Методија Андонов Ченто“, реонот на бараките, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Како што додаваат оттаму, без вода поради уличен дефект на ф100 милиметри на улицата „Вера Јосиќ“ број 6 во населба Кисела Вода, се и корисниците од оваа, како и од улиците „Ѓорѓи Димитров“ и „Божидар Аџија“.
Според ЈП „Водовод и канализација“ , прекините во водоснабдувањето ќе траат до завршување на работите за отстранување на дефектот